Ние Унгарците и Македонците сме братски народи, ние сме браќа од причина што имаме скоро исти успеси во спортот и ракометот. Ви честитаме за победата на фајнлфор турнирот, истакна потпретседателот на пратеничката група на ФИДЕЗ Жолт Немет.
– Но ние сме братски народи и поради што тоа што знаме дека нас како народи ќе не зачува нашиот јазик, култура и нашето разбирање. Историјата не научи на тоа и доколку научиме да ја зачуваме историјата тогаш таа ќе го зачува и нашиот народ и затоа ја почитуваме македонската нација. Ние не сме само братски народ ние сме и соборци, бевме соборци кога требаше да се бориме против турската империја и кога требаше да се бориме против комунизмот, а сега се бориме против илегалната миграција. И денес 30 унгарски полицајци служат на јужната граница на Македонија и ви се заблагодаруваме што толку херојски ја продолжувате таа борба. И покрај тоа што ние сме братски народ ние и ФИДЕС и ВМРО-ДПМНЕ сме братски партии и сме членки на најголемата народна групација во Европа, тоа се народните партии, потенцираше Немет.
Тој истакна дека ние ја претставуваме Македонија во ЕУ и ние сме претставници на демократијата во ЕУ, а токму поради тоа ние сме надежта за евроатланска Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст