| четврток, 6 декември 2018 |

Доведени се во прашање националниот идентитет, нашата култура, јазик и држава

-На нашата Татковина како никогаш досега ѝ се потребни докажани луѓе. Исправени сме пред голема историска одлука за иднината на нашата земја. Доведени се во прашање нашата економија, национален идентитет, нашата култура, јазик и држава – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во Охрид и порача:

На 15 октомври, на локалните избори, гласајте за луѓе чии постигнати резултати сите ние ги гледаме. Гласајте за луѓе за кои знаете дека постојано работеле и во иднина ќе продолжат да работат за наше заедничко подобро утре. Луѓе кои ги исполнуваат изборните ветувања, веруваат во правда, не бегаат од одлучност и учат од своите грешки. За луѓе кои веруваат во народот и неговите способности. Гласајте за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, за да продолжиме заеднички да ја градиме нашата иднина. Да продолжиме да градиме општество во кое сите ќе живеат во слога и мир, без поделби и омраза, со меѓусебна почит на сите граѓани. Да ги зачуваме нашите заеднички вредности и да ги почитуваме правата и потребите на сите граѓани поединечно. Обединети да ги надминеме предизвиците со кои се соочува нашата држава и да ја зачуваме заедничката цел. Цел која отсекогаш е иста – а таа се вика Македонија!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top