Актуелниот градоначалник на Крива Паланка и кандидат за градоначалник од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски истакна дека кривичната пријава што е поднесена против него е, како што рече, политичка хајка и валкана игра за да се оцрни неговото име.
– Станува збор за неколку дечиња Роми и неколку дечиња Македонци од социјално-ранливи групи кои го користеле училишниот превоз, а биле оддалечени неколку метри помалку од пропишаните два километри за користење бесплатен превоз. Единствениот грев, мој и на претседателот на Советот и директорот на „Јоаким Крчовски“ е тоа што сме овозможиле овие сиромашни дечиња да користат бесплатен превоз за да учат. Ова е чиста политичка хајка и валкана игра на СДСМ пред изборите да го оцрнат моето име како кандидат за градоначалник, изјави Алексовски на прес-конференција по повод поднесената кривична пријава против него од страна на МВР, заради злоупотреба на службена должност, доносно непочитување на договор склучен со АД „Пролетер“ за превоз на ученици во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст