| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Секогаш работа, секогаш Македонија

Охриѓани нема да ја пропуштат шансата да го одберат д-р Митко Тилевски за градски татко, а целиот народ има единствена можност да каже што мисли за она што и се случува на Македонија во овие четири месеци, за хаосот, за безредието, за лажењето, за неисполнувањето на ветеното, за манипулирањето, за хајките, за злоупотребите од новата власт, за договорот со Бугарија, за неуставните закони со кои се манипулира, за криминалите и тендерите на газдите во владата, за беснеењето, за начинот како наумиле да се реши името, за колапсот на економијата, за начинот како избраа претседател на Собранието на РМ и како избраа влада, за одењето спротивно на вољата на народот, за потценувањето на нашата, на Вашата интелегенција и интегритет, за новосоздадениот хаос во здравството, безидејноста и незаинтересираноста  за решавањето на проблемите, за помрачувањето кое и се случи на Македонија. Ќе се изберат градоначалници, советници,  но народот ќе го каже и своето мислење за она што се случува во изминатите 4 месеци – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг на кој беше претставен нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, Митко Тилевски.

Тој смета дека на 15 октомври народот ќе може да се искаже и за новата визија, на како што вели, енергетизираното, освежено и реорганизирано ВМРО-ДПМНЕ, за новата енергија која доаѓа со нова ера, која носи 150 илјади нови работни места, повисоки плати, пензии, субвенции, поквалитетно образование, здравство, и екологија, посилна демократија, членство во ЕУ и НАТО. Нова ера која носи нови успеси и нови победи, и која може да ја исполни само оној кој вели и живее со тоа: СЕКОГАШ РАБОТА!!!СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!!!

Тој ги запраша присутните на плоштадот во Охрид:

Дали сте за новата ера?

Дали сте за 150 илјади нови работни места?

Дали сте за ново утро со најниски даноци и поквалитетно образование?

Дали сте за невработеност под 10 осто?

Дали сте за повисоки плати, пензии и субвенции, повеќе туристи и повеќе фабрики како ОДВ Елекктрик и Костал?

Дали сте за Митко Тилевски за градоначалник на Охрид?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top