-Додека зборуваа а не правеа реформи, додека тие ја лажеа јавноста дека имале средба и разговори со претседателот Трамп, а целата јавност виде само попатно ракување, додека се мачеа како да се спречат рефередумите за спречување на населување на мигранти низ општините и градовите, бидејки дале такво ветување кон надвор, додека прифаќаа штетни меѓудржавни договори со кои се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонскотото малцинство, додека ни правеа организирани хајки и политички прогони и мислеа дека со тоа ќе не уништат и деградираат, додека ги правиеа сите овие работи ние тоа време го искористивме за други цели и друга намена – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржува во Охрид, со кој партијата ја започна кампањата за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.
Тој посочи дека направиле анализа на нивните слабости и пропусти со цел да ги корегираат, да направат кадровско освежување во раководството, да ја зацврстат партијата како народна и конзервативна партија, и како граѓанска десница.
-Да подготвиме детални и одлично обмислени програми за секоја општина за кои консултиравме многу луѓе и експерти, но и имајќи во обзир дека владата е тотално дезориентирана и фокусирана на тоа како да го смени името на државата, бидејки е свесна дека за тоа е донесена на власт, додека тие ја тонеа економијата, ние седнавме и направивме нов документ со кој што после се што се случи нудиме една нова визија, нова ера на Македонија, нова ера за напредок и успеси на Македонија во наредната декада. Додека тие мислеа што да срушат што ние сме изградиле, ние мислиме што да изградиме и што да создадеме, како повторно да ја придвижиме Македонија, откако оваа помрачина што не снајде ќе биде тргната од нашата земја, а тоа ќе биде брзо. Додека тие се оптоварени да ја срушат оградата на владата, да срушат некој споменик на некој револуционер, да пуштат некому обвинение или да уапсат некого за да не престават за нечесни, додека тие тонат во сопствениот гнев и безидејност, ние направивме план за нова десетолетка, план кој е прецизно подготвен, план кој го образложивме на јавноста во детали на големиот собир во петокот во Скопје, и план кој предвидува реален и крупен напредок на Македонија – изјави Груевски на првиот митинг од овие локални избори.
Проговори и за нивната зизија за иднината, нагласувајќи дека Македонија ја гледаат како членка на ЕУ и членка на НАТО, и во стратешко партнерство со Америка, план со кој се предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија и намалување на невработеноста на под 10 отсто.
-Ако во минатото знаевме како да отвориме нови 173 илјади работни места за 11 години, со сите економски и политички кризи во нив, бидете убедени дека со ова искуство и знаење, со тим како што само ВМРО и коалицијата За подобра Македонија можат да направат ќе отвориме најмалку 150 илјади нови работни места во следните 10 години. Можеби и повеќе, но ние секогаш одиме со поскромни ветувања. Македонија која ја наследивме со речиси 39 отсто невработеност и ја доведовме на 22,6 отсто невработеност, ќе стане земја со 9, 8 или 7 отсто невработеност како многу развиени европски земји, во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за подобра Македонија и новата ера во Македонија. Ера во која невработеноста кај младите ќе се преполови. Ера во која сиромаштијата во Македонија ќе се намали за ¾. Ера во која растот на економијата во просек ќе е 4 проценти од БДП или повеќе. Визија и план со кој годишниот приходот по глава на жител кој го наследивме на 3.300 долари, а сега е околу 5 илјади долари, ќе порасне на над 12 илјади долари по глава на жител. Ера во која Македонија ќе остане земја со најниски даноци во светот. Декада во која за образованието секоја година ќе се издвојува по најмалку 6 проценти од БДП, во која Македонија ќе влезе во првата половина на земји на листата на Пиза, кога станува збор за мерење на квалитетот на основните и средни училишта, ера во која барем еден македонски универзитет ќе влезе во првите 200 во светот според рангирањето на Шанхајската рејтинг листа, како најреферентно рангирање на универзитетите во светот. Ера во која преку изградба на нови енергетски капацитети, Македонија од нето увозник на електрична енергија ќе се претвори во нето извозник на електрична енергија. Ера во која ќе растат платите, пензиите, субвенциите на земјоделците…. Она што на народот реално му треба, а не демагогија, не празни зборови, не политички хајки и прогони на политичките опоненти, рушење на изграденото, и колапс на економијата. Нова ера, ново утро за Македонија, нова ера за нови успеси. За подобар животен стандард, за посилна демократија. Еднаш докажавме дека можеме, сега со искуството зад нас, со нови освежувања во тимот и нова енергија, ќе докажеме дека можеме и многу повеќе – рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека на 15 октомври ќе има локални избори. но и референдум.
-На 15 октомври имаме локални избори но истовремено и референдум. Можеби со драконски и незаконски владини забрани ќе се спасат од референдумите за мигранти, но нема да се спасат од референдумот на народот, реферндумот за нова ера и ново утро за Македонија која доаѓа незапирливо, која никој не може да ја запре. На 15ти октомври граѓаните на Македонија ќе одлучуваат за многу повеќе од градоначалници – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст