-Во најголемиот ек на политичката криза кои патем кажано тие ја направија и ја наметнаа, економијата растеше, инвеститори доаѓаа и отвораа нови работни места. Се отвораа фабрики, се градеше, се создаваше, се решаваа проблемите на граѓаните. Целиот овој пад на економијата почнува откако се формираше новата влада. И тоа воопшто не е изненадување – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржува во Охрид, со кој партијата ја започна кампањата за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.
Тој запраша како може да непаѓа економијата кога јавно објавија дека ќе ги зголемат даноците и придонесите, давачките кон државата и на работниците и на фирмите.
-Како може да непаѓа економијата кога цело лето ги оставија земјоделците сами на себе, кои не знаеа дали поправо да се справуваат и што да прават со своите производи кои скапуваа, или да се борат со пожарите да не ги изгорат додека владата цело лето бареше што ручал некој поранешен министер, во кој хотел престојувал кога бил на службен пат и додека незаконски ги разрешуваа поранешните директори за да донесат тешки аматери, некомпетентни кадри, партиски послушници и луѓе кои се истакнале со боењето со боја на државните објекти. Како може да не паѓа економијата кога ги запреа без малку сите градежни проекти во државата, трите автопати, Клиничкиот центар во Скопје, се пренаменија и парите предвидени за театарот во Охрид, училишта, градиники и останато. Од пусти гнев и инает, да запрат се што ВМРО започнало, тие ја запреа економијата и немаат никаков план како да ја одглават и како да продолжат – нагласи Груевски пред насобраните охриѓани.
Тој додаде:
Како може да непаѓа економијата кога сите компании видоа дека дојде рекетарска екипа на власт, и кон странските инвеститори кои отвораат нови работни места се однесуваат како кон непожелни натрапници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст