| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Охрид ќе доживее едно ново издигнување со реални проекти

Новата програма за наредните четири години е веќе подготвена која сите ќе може да ја прочитате, внимателно обмислена, добро пресметано за се да е во склад со финасиските можности на општината, и со нејзиното спроведување Охрид ќе доживее едно ново издигнување, и решавање на многу постоечки проблеми, истакна од вечерашниот митинг во Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од каде Коалицијата „За подобра Македонија“ ја запозна изборната кампања.

-По долги анализи да се избере најдобриот предлог, за наредните 4 години напредок, ВМРО-ДПМНЕ за градски татко на Охрид го повика и застанува зад доктор Митко Тилевски, Ваш многу угледен и почитуван сограѓанин, познат лекар, педијатар, пред долги години и народен пратеник, чесен и работлив човек, борец за се што ќе се нафати, свесен за проблемите на Охрид, за предизвиците кои доаѓаат но и полн со енергија, жар, големо животно и работно искуство, идеи, со добра волја и чиста мисла, и подготвеност неуморно да работи за напредок и успеси на Охрид и на охриѓани.
Новата програма за наредните 4 години е веќе подготвена, внимателно обмислена, добро пресметано за се да е во склад со финасиските можности на општината, и со нејзиното спроведување Охрид ќе доживее едно ново издигнување, и решавање на многу постоечки проблеми. Д-р Тилевски како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ уште од оснивањето, знае дека кога ВМРО-ДПМНЕ ветува, тоа мора да се исполни, но и ние го познаваме него дека е многу сериозна личност која кога ќе се нафати за некоја работа го прави тоа со сета своја чест и одговорност, посветеност и неуморно работење. Од таа програма дозволете да издвојам неколку проекти кои ќе се реализираат, потенцира тој.

Груевски издвои дел од проектите кои се планира за оваа општина во наредниот период.

-Ветуваме реконструкција на Градскиот Кеј кој ќе се уреди и ќе стане модерно шеталиште во кое охриѓани и туристите поминуваат голем дел од своето слободно време. Во склоп на кејот ќе се прошири и дополнително ќе се уреди градскиот плоштад Свети Климент Охридски, а модерен и нов лик ќе добие и плоштадот Крушевска Република. Планираме изградба на нов модерен парк Студенчишта кој ќе се простира на потегот каде што се поврзуваат патеките од Градскиот Кеј, пешачката патека од Билјанини Извори до Котва и патеката од каналот Студенчишта до хотелот Парк. Предвидуваме комплетна реконструкција и целосно уредување на булeвар Туристичка, кое се однесува на коловозот, атмосферската канализација, водоводна мрежа, како и изградба на пешачка патека, велосипедска патека и хортикултурно уредување, вели Груевски.

Ветуваме, рече тој, целосна реконструкција на улицата Абас Емин како една од главните сообраќајници во градот. Ќе биде поставена нова фекална и атмосферска канализација, како и нова водоводна линија, тротоари и ново улично осветлување.

-Ветуваме реконструкција и асфалтирање на улиците 7- ми Ноември, Јане Сандански, 1-ва Македонска ударна бригада, АСНОМ, Егејска, Св.Кирил и Методиј, Партизанска, Јордан Мијалков, Александар Турунџе, Прилепска, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, Даме Груев, Охридска Бригада. Асфалтирање на улиците во Долно Коњско, Лагадин, Свети Стефан, Шипокно, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Љубаништа, Трпејца, Пештани, Горно и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел, Вапила, Ливоишта, Завој, Свињишта, Опеница, Рача и Плаќе, нагласи Груевски.

Тој истакна дека планирана е изградба на велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан, но и спортски и детски игралишта во село Елшани, Долно Коњско, Пештани. Во населбата Железничка предвидена е изградба на повеќенаменско спортско игралиште и балон сала со вештачка трева која ќе се користи за мал фудбал.

-Ветуваме реконструкција на постојната трибина на стадионот Билјанини Извори, како и реконструкција на соблекувалните и сите помошни простории. Ќе направиме изградба и доизградба на водоводните системи на улиците Јане Сандански, Вардар, Васил Стефоски, Христо Узунов. Активности од ваков тип ќе бидат направени и во Рача, Горно Лакочереј, Пештани, Лагадин и Куратица. Ќе извршиме реконструкција и проширување на капацитетите на градинките Росица, Развигорче и Лихнида. Ќе ги реконструираме основните училишта Свети Климент Охридски, Братство и Единство, а ќе се реконструираат и училиштата во Долно Коњско и Елшани. Во новиот дел на охридската гимназија ќе се направи реконструкција на поткровјето и истата ќе се опреми со мебел. Општина Охрид ќе изврши набавка на нови противпожарни возила и нова опрема за потребите на противпожарната станица во градот Охрид. Се планира Општина Охрид да стане прва општина, која од сопствен буџет ќе изгради социјални станови и истите ќе ги понуди на ранливи категории на граѓани, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top