Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Охрид од каде Коалицијата „За подобра Македонија“ ја стартува изборната кампања истакна дека во изминатите четири години во општината реализирани се најголем дел од ветените проекти.
-На Булевар Туристичка се изградија и уредија шест современи кружни текови во вредност од 38 милиони денари. Со тоа метежот на овој булевар посебно во летните месеци е значително намален. Се изградија повеќе пешачки рекреативни и велосипедски патеки, меѓу кои Патека од каналот Студенчишта до месноста Парк во должина од 1300 метри, нова пешачка рекреативна и велосипедска зона и нов канал на потегот од мостот Студенчишта до Билјанини извори во должина од 600 метри. Исто така, изградена е пешачка патека во должина од 2,7 километри во Стариот дел на градот која се протега од Кошишта кон Лабино и Канео, а потоа од Лабино продолжува кон Воска и Далјан. Изградена е пешачка зона и кеј покрај езерото во Пештани.Направена е комплетна реконструкција на повеќе улици, меѓу кои Ристо Чадо и улицата Илија Смически во Лескоец. Асфалтирана е улицата Стевче Илоски во Пештани, улицата Живко Чинго во Велгошти. Исто така, асфалтирана е улицата Радојца – Новичиќ, патот до Велестово, улицата Петрино, улицата Ѓорги Сугарев. Обновени се улиците Сирма Војвода, Богомилска, Крум Точко, Ванчо Питошески, а улицата Питу Гули како една од главните артерии на градот доби потполно нов лик. Изграден е патот помеѓу Горно и Долно Лакочереј, патот помеѓу Вапила и Сирула, асфалтиран е локалниот пат Охрид – Велестово, Елешец – Елшани, Рача – Кромидишта, Вапила-Ливоишта, истакна Груевски.
Тој додаде дека е започната и градба на Затворен базен во рамките на спортскиот центар Билјанини Извори, Општина Охрид во соработка со Владата на Република Македонија. нешто што во Охрид се чекаше 50 години.
-Во овој спортски центар се изгради и мултифункционално игралиште за кошарка, ракомет и мал фудбал, како и три игралишта за тенис. Исто така, Општина Охрид во изминатиот четиригодишен период изгради повеќенаменски игралишта во Трпејца, Подмоље, Лескајца, Лескоец, како и на улицата Крали Марко. Изградено е детско игралиште во населбата Видовишта, детско и спортско игралиште во Основното училиште Свети Климент Охридски, како и две детски игралишта покрај патеката Студенчишта-Парк, посочи тој.
-Општина Охрид со сопствени средства го изгради и уреди плоштадот во непосредна близина на Основното музичко училиште „Методи Патчев“ со површина од околу 1.000 м2. Исто така, изграден е и плоштад кај Долна порта од 400 метри квадратни, како и плоштади во населбите Горна Влашка маала, Рача и Љубаништа. Направена е комплетна атмосферска канализација за целата населба Далјан како и целосно асфалтирање на улиците Миќа Гилиќ, Трајче Трајчески и Сатеска во населбат Далјан. Изградена е нова фекална и атмосферска канализација на улиците Стив Наумов и Ристо Чадо. Исто така, Општина Охрид набави пет најсовремени комунални возила за потребите на Јавното претпријатие Комуналец во вредност од над 18 милиони денари, додаде Груевски.
-Во Елшани е изграден нов водоводен систем и резервоар за вода. Изградена е нова водоводна линија во Рача и Горица, како и на улиците Будва, Петрино, Крум Точко, Лазо Трпоски, Ванчо Питошески и Мирче Ацев, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски истакна и дека отворени се четири детски градинки во населените места Радојца Новичиќ, Пештани, Велгошти и Лескоец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст