| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не постои изборна кампања во минатите 27 години која ВМРО-ДПМНЕ не ја започнало од Охрид

Непостои изборна кампања во минатите 27 години која ВМРО-ДПМНЕ не ја започнало од Охрид, град кој има посебно место во историјата на Македонија, град кој ги плени нашите срца, град со народ кој ја сака Македонија, град како што нема друг…Не постои ниту една презентација пред странски слушатели, најчесто потенцијални инвеститори, многу често туристички куќи, понекогаш политичари која сум ја завршил, а барем со една реченица да не го спомнам Охрид, нашата гордост, град со кој се гордее цела Македонија – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржува во Охрид.

Тој се наврти на спомените кога првпат дошол во Охрид:
Инаку, се сеќавам дека јас прв пат дојдов во Охрид како дете кога имав 10 години во 1980 година, бевме во лето на одмор, бевме сместени во Пештани во приватно сместување во една куќа, уште паметам дека синот на газдрицата се викаше Ѓоре, …тој веројатно не се сеќава на едно палаво дете кое постојано нешто правеше, и кое едвај чекаше кога домаќините требаше да одат некаде зад куќата да ги нахранат домашните животни, да го гледа тоа како да никогаш не го имал видено,… всушност да бидам искрен и никогаш претходно го немав видено тоа во живо…… и тој одмор, но и сите наредни доаѓања тука, и постепеното откривање на секоја убавина на овој град секогаш ми биле незаборавно доживување…заради градот и заради луѓето. И се уште, при секое доаѓање секогаш откривам нешто ново, нешто убаво…

Потоа зборуваше за работата во Охрид:

-Како претседател на владата се сеќавам дека долги години бевме попречувани да направиме нешто за овој град, и кога ќе направевме тогашниот градоначалник имаше некој чуден обичај пред ние да дојдеме и да го промовираме тоа, тој да излезе и да го промовира како проект што тој го завршил. Бидејки немавме друг таков случај во Македонија, мислев дека по таа работа е единствен тој човек, но подоцна кога пред 4 години мнозинството граѓани ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, на актуелниот градоначалник Никола Бакрачевски, се уверив дека навистина тоа што се збореше е и вистина, дека градоначалникот на СДСМ, не бил единствен само по китењето со туѓи перја, туку и по тоа што направил најзадолжена општина во државата со долг од 33 милиони евра, со блокирана сметка и со многу проблеми. Знам дека многу луѓе во тоа време мислеа дека докторот си ставил трн во здрава нога што се нафати во таква ситуација да стане градоначалник, но по 4 години можам да кажам дека тој заврши одлична работа, и дека не само што успеа да го намали долгот за цели 13 милиони евра за тие 4 години, туку со многу работа и труд, со заеднички напори успеавме да реализираме најголем дел од ветеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top