| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Коневски ја започна кампањата во Аеродром

Денеска во населбата Острово актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат. Ивица Коневски, официјално ја почна предизборната кампања за претстојните локални избори. На средбата со жителите на оваа населба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ги претстави капиталните проекти предвидени во програмата за наредните четири години.

-Еден од нашите значајни проекти за наредните четири години во оваа населба е целосна реконструкција на коловозот на улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“), покрај која ќе биде санирани тротоарот. Исто така, на оваа улица ќе биде поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а на раскрсницата пред ОУ „Браќа Миладиновци“, ќе биде поставен и семафор, за подобрување на сообраќајната сигнализација, што значи и поголема безбедност за граѓаните, особено за учениците. Покрај улицата ќе бидат санирани фудбалското и кошаркарското игралиште во училиштето, како и паркиралиштата пред зградите покрај оваа улица, поточно пред зградите број 14, 16, 25, 38 и 40, а ќе изградиме и нов паркинг простор кај железничката станица – посочи Коневски.

Тој додаде дека ќе биде уредено и зеленилото, а ќе биде изграден и систем за наводнување, како и подземни контејнери, со што целиот овој потег ќе добие сосема ново уредување и населбата ќе стане уште поубаво место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top