Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, по објавените изборни резултати во Германија, предвидува дека Европската унија ќе продолжи да се распаѓа и во наредните четири години.
Тој оцени дека јакнењето на германските десничарски партии „Слободни демократи“ и „Алтернатива за Германија“ (АфД) ги уништило надежите на лидерите, како што е францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа може да стане пообединета.
-Уште четири години распаѓање на ЕУ се пред нас. Зголемувањето на популарноста за 20 отсто на Слободните демократи и АфД значи само едно нешто: Стратегијата на Макрон за федерација е мртва, напиша Варуфакис на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст