Елем станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и вицепремиерот Анѓушев, стои во денешната рекација од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Драган Миновски.
-Манипулативните напади насочени кон претходните раководни лица, објавени на денешната прес конференција се само обид да се избега од реалните скандали на владата на СДС. Елем е компанијата која намести тендер и од кој требаше да се офајди фирмата на вицепремиерот Анѓушев во износ од 2.6 милиони евра. Елем е компанијата која поништи легален тендер за Рек Битола со која требаше на долг рок да ги намали трошоците за ископ на јаглен и со сопствени средства да обезбедува ископ, нешто што не му одговара на актуелното раководство, велат од партијата.
ОД ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека општо познато е дека Елем е раководено од мешетарот советник на Заев Обрадовиќ, со единствена задача да ја приватизира оваа компанија со што ќе се разниша енергетската стабилност на Македонија и ќе поскапи струјата.
-Денешниот прес на Елем преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што стана сопственик на цела една фабрика „Герас Цунев“ по цена колку една гарсониера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата, потенцираа од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст