| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Без трошка срам СДС избра кампањата да ја почне од градот кој најмногу го уништи

-Без трошка срам и совест СДС избра кампањата за локалните избори да ја почне од градот кој најмногу го уништи. Трет ден сообраќајот околу плоштадот Магнолија е пренасочуван и блокиран поради местењето на една бина на која не и’ е местото овде – изјави Елена Трајчевска, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде:

Локалните послушници на Зоран Заев и спроведувачите на погубната антимакедонска политика на СДС од Битола требаше оваа бина да ја постават 16тина километри јужно, на Меџитлија каде што СДС планира да гради центар за бегалци. Нивниот пратеник Васко Ковачевски тоа јасно го кажа од собраниската говорница.

Откако сфатија дека со бегањето на советниците од СДС од гласање во Советот не можат да ја спречат одлучноста на граѓаните на Референдум да се изјаснат против долгорочна интеграција на бегалци, Зоран Заев незаконски и неуставно го злоупотреби Инспекторатот за локална самоуправа да им го забрани најсветото демократско право на секој граѓанин – преку референдум да одлучува за важни прашања,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top