| четврток, 6 декември 2018 |

Џесика Алба е трудна, а нејзиниот сопруг ја нарекува секси мајка!

Кеш Ворен и Џесика Алба очекуваат трето дете, а парот е позаљубен од кога и да било.
Покрај трудничкиот сјај, има нешто во неа по кое нејзиниот сопруг не може да одолее. Пред неколку денови ја нарекол и сески мама во изјава за еден медиум.

“Кога таа ќе се појави многу често знае да ме импресионира. Кога се будам наутро, се шокирам со нејзината убавина. Едноставно е неверојатна”, изјавил нејзиниот долгогодишен партнер.
Парот наскоро ќе ја прослави 10 -годишнината од бракот. Тие имаат две деца Хонор (9) и Хевен (6), а полот на новото бебенце сѐ уште е непознат. Девојчињата се големи па сигурно нема да љубоморат туку напротив ќе ѝ помогаат на својата мајка.

“Не навивам да биде син, бидејќи имаме пријатели кои имаат три деца од ист пол, па веројатно и ние ќе завршеме така. Без разлика на тоа, бебето ги развесели сите во фамилијата”, вели Кеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top