Во наредните недели, Струмица е исправена пред предизвикот да избере градоначалник кој најдобро ќе работи за потребите на граѓаните и ќе ја направи општината пријатно место за живеење, општина во која е убаво да се расте, работи и старее, речеМарјан Бајрактаров, кандидатот за градоначалник на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конфренција.
Претставувајќи ја својата визија за идниот развој на општината, Бајрактаров посочи дека ќе донесе промени, подобри можности, подобра перспектива и подобар живот.
– Еден градоначалник може да биде добар градоначалник само ако е способен правилно да планира и да го насочи човечкиот капитал и ресурсите, секогаш водејќи сметка за приоритетите на граѓаните. Со моето професионално искуство и менаџерски дух оптимално ќе го насочам тој потенцијал за развој на Струмица каква сите ја посакуваме, рече Бајрактаро,в напоменувајќи дека е орален хирург кој повеќе од две децении работи и во угостителството.
Смета дека Струмица има добри работници и чесни луѓе, но и потенцијал за економски развој кој треба да стане успешна приказна за гордост на сите, која ќе ги остави младите во родниот крај.
– Општината ја гледам како партнер на бизнис секторот кој нуди еднакви можности за сите. Преку доделување и уредување на градежно земјиште и намалување на надоместокот за уредување и обезбедувањето на комунална инфраструктура, општината активно ќе го поттикнува основањето и развивањето нови индустриски капацитети и активно ќе учествува во привлекувањето на нови инвеститори, порача кандидатот за градоначалник Бајрактаров.
Тој нагласи дека градинките и училиштата мора да станат пријатно место за децата и учениците, зошто оттаму почнува сѐ. – Ќе ги зголемиме хигиенски стандарди и технички ќе ги опремиме. Зградите кои се постари од 40 години ќе добијат нови енергетско-ефикасни фасади и партерно и хортикултуно уредување. Струмица ќе добие вистински функционален пазар, рече Бајрактаров.
Најави реконструкција и модернизација на улиците и булеварите, велосипедски патеки, спортски комплекси и паркови.
– Прописно ќе се реконструира плоштадот. Ќе поставиме стандарди за рамнотежа на градбите и зеленилото и ќе работиме на еднаков развој на градот и населените места, рече Бајрактаров, барајќи ја поддршката од граѓаните на општина Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст