По низа спроведени проекти и исполнети ветувања, Арсенчо Алексовски уште еднаш ќе ја побара довербата од граѓаните на претстојните избори како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Крива Паланка.
-Се реализираа многу проекти. Она што некогаш беше мисловна именка, го завршивме. Откако знам за мене водоводот висока зона беше проблем на овој град и јас го решив овој проблем. Направивме уште еден пат до манастирот, направивме многу спортски објекти, цела Конопница ја асфалтиравме. Асфалтиравме бројни улици и патишта. Сметам дека нашите политички противници нема да имаат што да напишат во програмата дека ќе асфалтираат. Нас ни останува уште нешто и тоа ќе го завршиме, истакна тој.
Алексовски смета дека ја заслужува поддршката поради тоа што досега го има направено за градот и ветува дека со истото темпо ќе продолжи и понатаму да работи.
Тој потенцира дека со голема помош од Владата на ВМРО-ДПМНЕ направиле Крива Паланка да ја смени личната карта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст