Кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев денеска изјави дека неговата кампања, како и во минатото ќе биде позитивна и ќе биде насочена кон граѓаните на општината.
-Ќе биде насочена и целна кон секој поединечно од вас, кон вашите проблеми и проектите кои треба да ги реализираме, односно вашите барања во сите урбани заедници, на секоја улица, во секоја населба. Морам да кажам дека во претходните четири години покажавме кој стандард треба да градоначалник на еден град како што е Штип. Мислам дека она што го сработивме во претходниот период е доволен доказ дека ние во наредниот период, после 15 октомври повторно ќе продолжиме да го градиме овој град, истакна Захариев.
Потенцира дека во оваа изборна кампања воопшто нема да го интересира неговата политичка конкуренција.
-Мојата програма е онаа права програма која граѓаните на Штип ќе ги доведе градот да биде навистина европски град, да биде уреден град, зелен, чист град, со многу нови проекти, и верувам дека тоа ќе го направиме заеднички, почитувани граѓани, посочи Захариев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст