Продолжува 18 самит на земјите од Централна Европа во Словачка под мотото „Стратегија за раст за посткризно закрепнување“, на кој учествува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Дискусиите на самитот се фокусирани на клучните политички, економски, социјални и безбедносни прашања поврзани со закрепнувањето на регионот и Европа во посткризниот период. Во тој контекст, шефовите на држави и влади разговараат за можностите за враќање на одржливиот раст, за изнаоѓањето начини за спречување слични економски и финансиски кризи во иднина, како и за улогата на новите земји-членки на ЕУ.
Претседателот Иванов од Словачка го поздрави изборот на Борче Давитковски со што, како што порача, е исполнета една преземена обврска од пролетниот извештај на ЕК за Македонија. Изразувајќи надеж дека комисијата ќе си ја заврши работата, Иванов ги повика партиите да најдат начин да ја исполнат и другата обврска – потпишувањето меморандум за поддршка на евроинтегративниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


