Вториот канал на албанската државна радио телевизија РТШ-2, денеска почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик.
– Освен информативната емисија – вести, ќе се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ќе се промовираат и ќе се афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на малцинствата, изјави Нико Китани, кому, како што вели му припаднала честа да ги презентира првите вести на македонски јазик.
Тој посочува дека емисијата на македонски јазик на РТШ2 ќе се емитува секој ден, од понеделник до петок, со почеток во 17:00 часот и ќе биде во траење од половина час.
– Предвидено е содржината на емисијата да биде: пет до седум минути вести, а во останатите минути ќе се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, традиција, обичаи и слично, објасни Китани.
Китани, кој е член на Комитетот за малцинства при Владата на Република Албанија, во 2014 година, ја упати првата Новогодишна честитка на македонски јазик на државната радио телевизија, РТШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст