| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за дрвокрадци кои предизвикаа штета од 2,2 милиони денари

Поднесена е кривична пријава против И.К. (37) од Демир Хисар, Ш.Ш.(36) од Гостивар и 17-годишно лице од село Долно Бањица, Гостивар за постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење шума“.

На 23 мај годинава околу 10:40 часот службениците на ЈП „Македонски шуми“ во атарот на село Сушица забележале две непознати лица како вршат бесправна сеча со моторна пила по што овие почнале да бегаат. Настанот бил снимен со мобилен телефон од страна на службениците и по проверка на видеозаписот лицата се идентификувании. Со нив е извршен разговор, а од увидот е констатирано дека бесправно се исечени 246,25 метри кубни дабови дрва, со што е причинета материјална штета од 2.216.250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top