76 коло на НовоЛото 7/34 кое се одржа на 23.09.2017 година, му донесе среќа и вредна добивка на Д.Р, пензионер од Скопје. Тој денес ги посети просториите на Државната лотарија на Македонија и видно возбуден ни ја раскажа својата приказна.
Среќниот пензионер е играч на игрите на среќа на Државната лотарија на Македонија години наназад, но последниве 3 години секогаш ги игра истите бројчиња. Овој пат уплатил 6 комбинации во вредност од 120 денари, а неговата среќна комбинација била токму петата комбинација која му донела добивка 6+1 во вредност од 670485, 00 денари. Добитното ливче го уплатил на среќното место Тобако „Толакс“ во Бисер.
Кога сфатил дека бројките што се редат се токму неговите среќни бројки, веднаш и кажал на сопругата, а потоа ги известиле нивните деца. На нивната радост немало крај. Ова не е прва добивка за нив, но секако е најголема, а се надеваме дека нема да биде и последна.
Средствата од добивката ќе ги подели на неговите деца, а ќе остави нешто и за себе и за сопругата.
Тој им порача да на сите играчи на игрите на среќа, да го пронајдат своето Среќно Место и да ги уплатат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст