| четврток, 6 декември 2018 |

Како се пренесуваат мали сипаници?

Мали сипаници или морбили е инфкетивна болест на респираторниот систем предизвикано од вирус од групата на миксовируси. Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата, иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката.

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

  • Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
  • Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина,  има зуење во ушите,  солзење на очите, му тече носто  и секрецијата е зголемена.
  • Трет стадиум, во кој во устата  се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата.  По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело,  при што кожата  станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Малите сипаници се пренесуваат преку дишењето,  и се многу заразни – 90 отсто од луѓето без имуните  кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат.

Инфекцијата има просечен период на инкубација  од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста  трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на oсипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).

Во развиените земји се врши вакцинирање  на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.

Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет  што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top