Изборната кампања денеска ја почнуваме од населбата Острово во општина Аеродром. Во програмата за наредните четири години планираме целосна реконсрукција на улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“), изјави денеска Ивица Коневски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, поставувањето семафори во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“ е се со цел децата да бидат безбедни во овој дел од општината.
Како дел од програмата за наредните четири години тој наведе нови зелени површини, воведување автоматски систем за наводнување, што ќе овозможи, како што рече, населбата Острово да биде подобро место за живеење за нејзините жители.
– Исто така планираме и поставување подземни контејнери буквално во целата општина, така и во овој дел населбата. Очекувам со реализација на сите овие проекти во наредните четири години граѓаните во населбата Острово да добијат подобри услови за живеење, додаде Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Многу проекти за населба Лисиче (галерија)
-
Ивица Коневски: Резултатите се очигледни! (видео)
-
Коневски на средба со „Полио плус“: Aеродром ќе добие Дневен центар за деца со пречки во развојот