Зетот и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, покрај службениот и-мејл на Белата куќа, за допишување со официјални претставници ја користел и својата приватна адреса за електронска пошта.
Кушнер приватната адреса ја отворил за време на транзицискиот период во декември минатата година.
Од приватната адреса разменувал мејлови со истакнати официјални претставници на Белата куќа, кои се однесувале на медиумско покривање и организирање настани.
Адвокатот на Кушнер, Еби Ловел изјави дека неговиот клиент ги почитувал правилата и ги проследувал сите мејлови на официјалната адреса.
– Помалку од 100 мејлови во периодот од јануари до август Кушнер испратил или им одговорил на колегите од Белата куќа од приватната адреса, рече адвокатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст