| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници

Михајло Маневски

Полициски свечен пречек на кандидат за градоначалник со вперен пиштол во глава на влезот во Скопје. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упорно молчи.

Насилниците тргнаа во хајка против градоначанлините на ВМРО – ДПМНЕ. Тргнаа со поднесување на лажни кривични пријави и монтирани случаи против повеќе градоначлници и со големо насилство.

На кандидатот за градоначалник од Кавадрци на влезот во Скопје десетици полицајци му приредиле ”свечен пречек”. Без основ вршеле претрес во неговото возило и без никаков повод му впериле пиштол во главата. Подолго време го изложиле на тортура и омаловажување со сурово и нечовечко постапување и незаконито му ја одграничиле слободата на движењето.

Потпресетадателот на СДС и Министер за внатрешбни работи Оливер Спасовски максимално ја злоупотребува службената функција за партиски цели. Под неговата диригентска палка се одвива целата ова хајка против градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ и ова невидено насилство.

Каде ќе запрат и зошто ова го прават непосредно пред почетокот на изборната кампања? Кого сакаат да заплашат со промоција на тешко насилство?

Ова ли е департизација на МВР и одвојување на партијата од органите на државната власт? Вака ли и ќе се одвојува партијата од државата. Со самиот факт што Оливер Спасовски во својство на потпреседател на СДС ја извршува и функцијата министер за внатрешни работи, кој немаше ниту доблест да го замрзне членството во партијата, јасно говори за патот по кој тргнале. За него примарна е партиската, а не државната функција.

СДС и Оливер Спасовски се директно одговорни за насилството во изборниот процес непосредно пред почетокот на изборната кампања. Упорно молчат за тешкиот злостор и не преземаат никакви мерки спрема наредбодателите и изврштелите на тешки кривични дела сторени со малтретирање при вршење на службата од членот 143, противправно лишување од слобода со ограничување на слободата на движење од членот 140 и други кривични дела од Кривичниот законик кои ги извршиле со злоупотреба и пречекорување на службените овластувања. Глумат како ништо да не се случило.

Каква порака праќаат? Дали ова не е најава за тешки изборни денови со насилство во изборниот процес промовиран од СДС во недостаток на резултати во работата и неспособноста во исполнување на обврските. Дали на овој начин не подгортвуваат терен за изборниот пораз?

Секоја изборна нерегуларност и секакво насилство во изборниот процес мора најстрого да се санкционира. Со народот не може да се манипулира со насилство. Насилниците ќе ги казни народот на изборите на 15 октомври 2017 година и ќе ги повика на одговорност за сторенете канени дела.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top