| четврток, 6 декември 2018 |

Ударната тупаница на Оливер Спасовски во Гази Баба, Ласте Митковски, се заканува со апсење на припадници на ВМРО-ДПМНЕ

Како што наближуваат изборите, кулминира злоупотрбата на полицијата во партиски цели, но и заканите со кои се заплашуваат граѓаните да гласаат за СДС. Така барем вели ударната тупаница на Оливер Спасовски во Гази Баба Ласте Митковски, припадник на МВР и бивш припадник на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, објави Инфомакс.

Преку својот профил на Фејсбук Митковски, позирајќи со лисици, се закани дека „се спремни за НОВАТА ЕРА“.

Митковски го искористил слоганот на ВМРО-ДПМНЕ во комбинација со лисиците за да алудира дека владата на Заев планира политички пресметки и апсења на политички неистомисленици по изброите, на кои се очекува пораз на СДСМ.


Ласте важи за ударна тупаница на Оливер Спасовски во општина Гази Баба каде што и живее, а за време на катастрофалните поплави минатата година самиот објави дека добил „огромна финансиска помош од Зоран Заев“, како што не добија многу од другите настрадани во поплавите.

Митковски беше еден од најредовните постетители на митинзите на СДСМ и на Шерената револуција, заедно со Оливер Спасовски и Фросина Ременски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top