Овие локални избори, вели Груевски, се и локални избори, но и избори кои ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори и луѓето треба да знаат што понатаму ќе следи. А она што ќе следи, потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е фокус на конзервативните принципи.
-Ние остануваме народна партија, конзервативна партија, го зајакнуваме делот на граѓанска десница, но нашиот главен фокус ќе бие на она што е најгилем проблем на мнозинството на населението, а тоа е економијата.
Груевски нагласи дека е неопходно во наредната декада да се реализира зголемување на приходот по глава на жител. Тој образложи дека според класификациите на Светската банка во моментот Македонија со околу 5000 долари приход по глава на жител Македонија влегува во горниот дел на групата средно развиени држави според приходот, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е тој да порасне на 12.000 долари, со што Македонија ќе влезе во групата на високо развиени земји според приходот.
Освен зголемување на вкупниот приход, ВМРО-ДПМНЕ планира секоја година просечно гледано во декадата да има раст на економијата од 4%, нови 150.000 работни места и намалување на невработеноста под 10% и на сиромаштијата за 3/4.
-Образованието ни останува главен фокус, 6% БДП ќе се одделуваат за образование секоја година, планот е барем еден универзитет од Македонија да влезе меѓу првите 200 на Шангајската листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст