| четврток, 6 декември 2018 |

По победата на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе бара предвремени парламентарни избори

Ништо не е променето во докритната на ВМРО-ДПМНЕ за да го користи слоганот „Нова ера“, туку промената на власта во Македонија донесе помрачување, кое мора да заврши, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вечерва гостуваше во дневникот на Сител. Груевски објасни дека новата ера во Македонија ќе дојде со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на чело на централната власт.

Ние сме сведоци на безмалку четири месеци владеење на СДСМ. Иако некој може да рече дека тоа е малку време за да се даде оцена за нечие владеење, јас можам да речам дека ако по утрото се познава денот, денот е многу лош. И вој ден нема долго да трае, овој ден ќе мора да се прекине. По победата на локалните избори, логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара ид а добие предвремени парламентарни избори и да започне една нова ера во Македонија, да се стави прекин на ова помрачување што ѝ се случи на државата со доаѓањето на СДСМ. Оттука произлесе и нашиот нов документ „Нова ера“, со којшто даваме нова визија за наредната декада, што е она што ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи и ќе го направи, нормално, по денот кога ќе ја преземе централната власт.

Овие локални избори, вели Груевски, се и локални избори, но и избори кои ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори и луѓето треба да знаат што понатаму ќе следи. А она што ќе следи, потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е фокус на конзервативните принципи.

-Ние остануваме народна партија, конзервативна партија, го зајакнуваме делот на граѓанска десница, но нашиот главен фокус ќе бие на она што е најгилем проблем на мнозинството на населението, а тоа е економијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top