| четврток, 6 декември 2018 |

Никој во државата не верува дека Заев и Коѕијас не разговарале за идентитеските прашања

Не е реално да се очекува да се реализираат изјавите на Заев по враќањето од Њујорк дека со Грција нема да се разговара за идентитеските прашања, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вечерва гостуваше на Дневникот на Сител. Тој ја потсети јавноста дека целата оепрација за донесување на Заев е изведена за да се реши прашањето за името по терк на Грција.

Никој во државата не верува дека Заев и Коѕијас разговарале само за прашањата поврзани со градењето доверба кога тој. Коѕијас беше пред 15 дека тука, сигурно е дека разговарале за името, за идентитетот. Сега сме пред избори и сигурно деќа ќе ни кажуваат дека нема да преговараат за името, за идентитетот, кога цела Европа и цел свет знае знае дека оваа влада е составена на овој начин, дека Заев е донесен на власт за да го реши името  на начин на којшто Грција ќе сака да се реши.

Се чека да завршат локалните избори и да почнат конкретни преговори, вели Груевски, кој не може да прогнозира кога ќе заврши процесот на промена на името по теркот на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top