СДСМ префрла милионски суми на невладините организации откако беа распишани изборите. Од 7 август до 20 септември оваа година од државниот буџет на сметките на невладините организации се прелеани 26.125.877 денари.
Владата предводена од Заев, не само што згрижи голем број на припадници на невладиниот сектор и им додели државни плати, туку почна и со пари од граѓаните да ги помага и оние кои не успеале да се изборат за државна функција.
Од распишувањето на изборите до денес, секојдневно се вршат милионски трансфери кон невладини организации за кои нема појаснување како ќе бидат трошени. Јавноста треба да биде запознаена со работата на невладините и со нивните извори на финансии.
Имајќи го во предвид работењето на дел од невладините организации во минатото кои одработуваа за кампањата на СДСМ и нивните извори на финансии, нејасно е дали истите невладини организации кои насилно ја уриваа легално избраната Влада на ВМРО ДПМНЕ сега добиваат милионски суми и од државниот буџет, поточно, од парите на граѓаните.
На 07.08.2017 од буџетот се префрлени 900.000
На 08.08.2017 од буџетот се префрлени 6.755.730
На 10.08.2017 од буџетот се префрлени 500.000
На 14.08.2017 од буџетот се префрлени 150.000
На 23.08.2017 од буџетот се префрлени 4.666.666
На 24.08.2017 од буџетот се префрлени 1.458.000
На 30.08.2017 од буџетот се префрлени 15.815
На 31.08.2017 од буџетот се префрлени 3.350.000
На 06.09.2017 од буџетот се префрлени 150.000
На 11.09.2017 од буџетот се префрлени 955.000
На 12.09.2017 од буџетот се префрлени 1.458.000
На 14.09.2017 од буџетот се префрлени 500.000
На 20.09.2017 од буџетот се префрлени 5.266.666
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст