| четврток, 6 декември 2018 |

По сончевиот викенд опаѓање на температурите и локални дождови

Управата за хидрометеоролошки работи најавува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурите низ цела Македонија се очекува да бидат над просекот за овој период од годината.

Она што треба да се напомене е дека во понеделник, почетокот на работната недела, ќе има зголемување на облачноста и намалување на температурите.
Дополнително опаѓање на температурите и локален дожд се очекува да има од вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top