| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник влегол во кафуле и избодел со два ножа шест лица: Хрватска во паника

Шест луѓе се повредени во кафуле во Слатина, Хрватска.

-Повредите не се смртоносни. Сите се надвор од животна опасност, дел од нив се задржани во болница, а дел се пуштени на домашно лекување, изјавил докторот Иван Андрашевиќ. Меѓу повредените кои се наоѓаат во болницата е и самиот напаѓач.

Според сведок на настанот, напаѓачот е 17 годишно лице, кое од претходно и било познато на полицијата. Тој влегол во кафулето и со два ножа започнал да ги боде лицата кои биле внатре.

Полицијата го потврди нападот, но не откриваат ништо додека е истрагата во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top