Шест луѓе се повредени во повеќе напади со киселина кај еден трговски центар во источен Лондон. Нападот се случил во близина на центарот Стратфорд во Стратфорд. Инцидентот не се смета за терористички чин, рече портпаролот на полицијата.
-Неколку луѓе се повредени на различни локации – се верува дека станува збор за шест лица. Чекаме понатамошни детали, соопшти полицијата во Лондон.
Еден човек е уапсен под сомнеж дека предизвикал тешки телесни повреди, а очевидците раскажаа дека виделе група луѓе што се расправале, а потоа најмалку една жртва чие лице изгледало изобличено од изгореници од киселина.
-Имаше засеци околу неговите очи, а тој се обидуваше да ги исплакне со вода, изјави сведок за Гардијан, опишувајќи дека жртвата и нејзин пријател се обидувале да ја „измијат киселината од лицето“ во тоалетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.