| четврток, 6 декември 2018 |

Сампдорија го надигра Милан

Екипата на Сампдорија забележа победа над Милан во првиот натпревар од денешната програма во Серија А. >На средбата од 6.коло одиграна попладнево во Џенова, фудбалерите на Сампдорија славеа победа над Милан со 2-0.

Колумбиецот, Естебан Запата во 72-минута и донесе предност на Сампдорија, а Аргентинецот, Рики Алварез во првата минута од судиското дополнение (90+1) го постигна вториот гол.

За Сампдорија ова е трета победа сезонава, додека Милан го претрпе вториот пораз.

Денеска се играат преостанатите седум натпревари, а двојките се: Верона – Лацио, Интер – Џенова, Кротоне – Беневенто, Каљари – Киево (од 15 часот), Сасуоло – Болоња (18 часот) и Фиорентина – Аталанта (20.30 часот).

На првите две места на табелата со по 18 бодови се Наполи и Милан. По нив следуваат, Интер со 13 бода, Рома и Милам имаат по 12, а Сампдорија со 11 е на шестата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top