Една жена, и покрај големото излевање на нафта, јужно од Атина, се одлучи да се искапе во морето. Нозете и беа целосно прекриени со нафта, па на многумина не им е јасно зошто воопшто влегувала во водата. Oваа фотографија најдобро покажува колкави се последиците од еколошката катастрофа. Фотографијата ја направил белгиски фотограф на плажа во познатата атинска населба Палеа Фалира.
Инаку грчкиот остров Саламина беше погоден од еколошка катастрофа откако кај брегот потонал танкер со повеќе од 2.000 тони нафта.
Огромна нафтена дамка го прекрила целиот залив, а властите објавија дека се загрозени илјадници морски животни. Дамката е долга 1,5 километри, и чистењето најверојатно ќе трае четири месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


