Во првиот неделен натпревар од 6. коло на Примера, Еспањол на „Корнеља ел Прат“ го совлада тимот Депортиво ла Коруња со 4-1 (2-0) и ја прекина серијата на лоши резултати во својот дом. По ремито во четвртокот на жешкиот терен на Виљареал, тимот на Кике Санчез Флорес стигна до нови значајни бодови и влезе во горниот дел од табелата.
Каталонците започнаа одлично и Бразилецот Лео Баптистао во 5. минута го отвори резултатот (1-0). Кога несреќниот Алехандро Арибас ја погоди сопствената мрежа на половина од првиот дел, се наѕираше победникот (2-0).
Во второто полувреме гостите од Галиција својата подобра игра ја крунисаа со голот на Селсо Боргес во 53. минута, но едно невнимание на одбраната на Пепе Мел донесе најстрога казна во 72. минута. Жерард Морено пеналот го претвори во гол за комотни 3-1. Најдобрите поединци во домашната екипа, Баптистао и Морено комбинираа по десната страна, за втор гол на Морено и финални 4-1.
Ова е втора победа сезонава за Еспањол и добар одговор на лошиот старт и само еден бод по првите три одиграни кола. Денес се играат уште четири натпревари од 6. коло, кое се затвора утре со дуелот Бетис – Леванте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст