Неспособноста и лагите на СДС, студентите ги почувствуваа на своја кожа, изјави на денешната прес-конференција Сара Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на Зоран Заев се дрзна на студентите да им укине еден од трите оброци кои им следуваат секој ден на студентите кои престојуваат во студентските домови. Сега наместо 3 оброка на трошок на државата, тие ќе можат да јадат само 2, истакна Александрова.
-СДС уште еднаш си го покажа вистинското лице. Наместо реформи за подобар живот студентите добија укинатите и стопирани мерки наменети за нив, згаснување на дисперзираните студии, стопирање на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.
Затоа на претстојните локални избори на 15-ти октомври студентите ќе го казнат суровото однесување на СДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


