| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 880.000 денари од фирма во Гевгелија

Од фирма во Гевгелија се украдени 880.000 денари од фирма во Гевгелија, информира МВР.

Според полицијата, непознат сторител ја извршил кражбата во ДПТУ-„Ветеринар“ на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија во периодот од 19 часот завчера до 11 часот вчера.

Крадецот ја исекол металната ограда со која бил ограден целиот објект и заштитната мрежа, по што отворил прозорец од канцеларија, влегол внатре и со погоден алат отворил метален сеф од кој одзел 6.500 евра, 2.000 долари и околу 400.000 денари во разни апоени.

Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top