| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Ако сакам да останам на високо ниво, враќањето во Македонија не е добро решение

Македонскиот првак Вардар ја извојува втората победа во групната фаза од Лигата на шампионите. Од СЦ „Јане Сандански“ вчера со пораз си замина француски Нант, кој беше предводен од нашиот репрезентативец, Кирил Лазаров.

Голгетерот на францускиот прволигаш направи интересно интервју во пресрет на вчерашниот меч во кое зборуваше зошто не се вратил во Македонија да ја гради својата професионална карира.

„Не знам, но ќе се обидам да дадам добар одговор. Кога сте играле долги години надвор од вашата земја, доколку сакате да останете на највисокото ниво на ракомет, опасно е да се вратите назад. Знам дека доколку се вратам во Вардар, или било кој друг клуб од Македонија, ќе бидам опуштен и нема да тренирам толку напорно и ќе трошам време со моите пријатели. Таквото однесување е далеку од професионално, а јас и понатаму сакам да останам на високо ниво. Затоа Нант е перфектното место за мене, клуб кој расте од година во година, а јас сум тука да помогнам да се испише историјата на тимот. Лесно е да се каже, потешко да се направи. Но, никогаш не се знае, покажавме одлична игра и го победивме ПСЖ за шампионскиот трофеј во Франција. Сега ни останува да целиме кон повисоки предизвици“ , изјави Лазаров.

(gol.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top