| четврток, 6 декември 2018 |

Предизборна конвенција на ДУИ во Гостивар

Гостиварскиот огранок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчеравечер во Центарот за култура одржа промотивна конвенција на која беа претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за членови на советот на општина Гостивар.

Кандидат за градоначалник од оваа партија, Невзат Бејта кој ќе води трка за уште еден, трет мандат, во обраќањето се осврна на програмата со наслов „за утрешен Гостивар “.

– Заедно са мојот тим и со членовите на советот изминатите четири години реализиравме над 600 проекти кои беа предвидени и беа дел од победничката програма од 2013 година. Ја бараме поддршката на гостиварци за да направиме уште повеќе – „За утрешен Гостивар”. Изградба на нов плоштад, нов мост на Вардар, отворање на слободни економски зони, јавен превоз, Музеј со уметничка галерија. Градот ќе стане почист со поставување на подземни контејнери и конечно решавање на проблемот со депонирање на комуналниот смет, рече кандидатот за градоначалник Невзат Бејта.

Пред присутните беше промовирана и кандидатската листа за 31 члениот општински совет, чиј носител е досегашниот претседавач Насер Муслиу, кој вети дека со сите советници ќе работат за доброто на општина Гостивар и гостиварци.

Програмата со која излегуваме на овие избори е креирана според барањата на граѓаните . Таа содржи многу нови проекти за доброто на Гостивар и гостиварци. Ја бараме поддршката од гласачите како тим кој што го реализира тоа што го ветува”, рече носителот на листата на ДУИ, Насер Муслиу.

Лидерот на партијата, Али Ахмети, во обраќањето повика на фер кампања без навреди кон политичките опоненти.

Слушам, опонентите од другите политички партии како обвинуваат и навредуваат и сметам дека таа практика не е во ред. Ние тоа нема да го правиме. На овие избори излегуваме со енергија, потенцијал и квалитетен кадар подготвен да работи и затоа сум убеден во успех, подвлече Ахмети.
Нa конвенцијата зборуваа и шефот на иборниот штаб на ДУИ во Гостивар. Башким Хасани и кандидатите: Гентијана Бектеши, Алберт Јакупи, Џенета Хусеини и Адис Исмаили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top