| четврток, 6 декември 2018 |

Коце Трајановски во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Гази Баба: Подготвени за победа!

Подготвени за победа, порачаа членовите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Гази Баба кои вечерва ги посети Коце Трајановски, актуелниот градоначалник на Скопје, кој повторно ќе се обиде да ја освои добербата на скопјани на локалните избори закажани за 15 октомври.

Салата каде што Трајановски се сретна со членовите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ беше претесна да ги прими сите членови, а Трајановски беше пречекан во еуфорична атмосфера.

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови неуморно работат на терен во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top