| четврток, 6 декември 2018 |

Невеста побегнала со 14.000 евра

Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели останале непријатно изненадени кога откриле дека невестата побегнала со 14.000 евра наменети за свадбената прослава и ги оставила на цедило на аеродромот.

Крис Махоне (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па друштвото им се собрало на аеродром пред летот за Ибица, каде во еден хотел требало да се одржи четиридневната венчавка.

Но, набрзо откриле, дека невестата која на себе ја презела грижата околу организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување во хотел, иако сите и дале пари.

„Невестата бегалка“ тоа го направила од одмазда, зошто мислела дека Крис ја мамел. Во својата одмазда отишла толку далеку што на поканетите им отпечатила лажни авионски карти со лого на локална туристичка компанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top