| четврток, 6 декември 2018 |

Кандидатите за градоначалници утре ќе го потпишат Кодексот за фер избори

Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Кодексот за фер и демократски избори ќе го потпишат сите кандидати за градоначалници во сите општини во Република Македонија и градот Скопје синхронизирано на 24 септември (недела) во 12 часот.

Со овој Кодекс учесниците во локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.

Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Церемониите на потпишување на Кодексот се во организација на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје. Кандидатите за градоначалници на градот Скопје, Кодексот ќе го потпишат во седиштето на Државната изборна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top