| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Атинското дерби во кое играше Антиќ е прекинато, гостите избегаа во соблекувалната

Третиот натпревар од финалето на грчката кошаркарска лига е прекинат откако на 1 минута и 27 секунди до крајот при водство на екипата на Панатенаикос од 4 поени гостинските играчи мораа да побегнат од теренот.

Тие беа цел на напади на домашните навивачи кои фрлаа со метални парички а на теренот паднаа и неколку чадни бомби.

Судиите веднаш потоа побараа да се испразни трибината на која беа навивачите на Олимпијакос а натпреарот беше прекинат. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top