Актерот Андрија Милошевиќ ги насмева гледачите до солзи, а малку е познато дека на плеќи носи 39 години и 23 години работен стаж. Ретко зборува за приватниот живот и за тоа како успеал да се избори за своето парче леб на штиците што живот значат, дека на 14 години го напуштил домот, продавал весници и се борел да запише глума во Цетиње.
–Средно училиште завршив во Подгорица. Со неполни 14 си заминав од дома, но кога ќе кажеш дека од Никшиќ си заминал за Подгорица, не значи многу. Тогаш беше многу потешко, голема сиромаштија, голем трошок за семејството беше да испрати некого на школување. Но, јас инсистирав да одам, се сеќава Андрија, кој заедно со брата си Велибор тргнал по сличен пат.
-Бев година и пол во Подгорица о средното музичко училиште на теориска насока, но свирев клавир. Првата година бев многу добар, но на втора попуштив, почнав да мерам улици, Работев како колпортер, продавав „Подгорички графити“. Работев со другарите, дури и по станови одевме. Така заработувавме, главно за бурек.
По година и пол заминува во детскиот театар, но дотогаш никогаш во живото не бил на театарска претстава.
-Неверојатна работа, ама навистина немав изгледано ниту една претстава во животот, а се запишав на академија, вели Андрија, кој се запишал на штотуку отворената Цетињска катедра на 16 години во класата на актерот Бора Стјепановиќ.
-Боро ме прифати како свое дете. Имав 16 години и веројатно имал дополнителна одлука да ме образува во пубертет, кога морав да станам човек. Така ме научи буквално на се, ме натера да читам книги, а ниту книги никогаш не сум ги читал, ме натера да се образувам на начин на којшто треба, ме натера да размислувам поинаку и да ја избијам провинцијата од себе.
Сепак, не му било лесно. На прва година едвај крпел крај со крај.
-И на 16 години студент на Цетиње, со едни патики и една тренерка, зима, немам за чевли. Така ја истерав првата зима 1994/1995. Пет години живеев во студентски дом, ми беше феноменално, но се задолжував за храна, поради некои други работи, за да преживеам, вели Милошевиќ, кој пред да пристигне во Белград, морал да го продаде автомобилот што го заработил играјќи претстави додека студирал за да си ги врати договите.
–Имав дипломи и гледав како ќе живеам. Платата 20 евра, а 200 евра станарината. Са се вратам кај моите не доаѓаше предвид, па едноставно одлучив да заминам за Белград. Прво живеев со девојка ми заедно во Белград, таа студираше италијански јазик. Ништо не работев, си купив еден готвач и по цел ден готвев.
Голема помош на патото кон Белград му пружил колегата Горан Јевтиќ.
–Многу ми помогна Горан Јевтиќ, кој ми најде работа да позајмувам гласови на цртани јунаци, па така успеав да заработам. Па се вратив на кратко во Црна Гора. Во еден момент ми се јави Светозар Цветковиќ да се вратам да работам претстава на малата сцена. Ми најдоа стан, луѓето од Ателје ми купија чинии и чаши, ме чуваа како да сум најголема ѕвезда. Тоа никогаш нема да им го заборавам и бескрајно сум им благодарен, вели еден од најспешните актери во регионот, симпатичниот Андрија Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.