Дваесет и двегодишен Македонец е обвинет за убиство на неговиот цимер со нож во САД. Според тамошните медуми, Јовица Николоски на 9 септември го убил својот цимер Спасе Граждани во Вестленд, во Мичиген.
Полицијата го пронашла телото на 25-годишниот Граждани со повеќе убоди од нож.
Според истрагата, по расправија меѓу нив, Николоски го избодел со нож Граждани рано изутрината, се истуширал и на неколку часа заминал од станот. Околу пладне се вратил и ја повикал полицијата.
Николоски за убиството од прв степен се соочува со доживотна казна затвор, а сега е во затвор, без можност за кауција. Николоски се појавил на суд пред десет дена, а ќе се врати во судница во октомври бидејќи неговиот адвокат побарал дополнително време за да ги собере документите и информациите што се однесуваат на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст