Вчера во 15,00 часот во СВР-Куманово, жител од с.Лојане Општина Липково, пријавил дека малолетно девојче, ученик во Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, била грабната претходниот ден. Околу 10,00 часот на големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото.
Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст