Непознат сторител синоќа украл 169.950 денари дневен промет од маркет во кругот на Клинички центар Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Разбојништвото се случило вчеравечер околу 18:35 часот, кога непознат сторител, искористил прилика додека била отклучена помошната влезна врата на маркетот, влегол внатре, дошол до канцеларијата на една од вработените (која во моментот го средувала дневниот промет од касата) и со закана со нож одзел 169.950 денари, а потоа го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст