| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ја киднапира државата: Полицијата на Заев и Спасовски изврши вооружен претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци

За да биде понижен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, настанот се одиграл пред многу народ, а упатени извори потврдуваат дека полицајци и алфите коментирале дека чекале 3 часа да помине Митко Јачев, бидејќи имале наредба од партиските структури на полицијата да го спроведат вооружениот претрес

МВР почна да ги спроведува првите партиски наредби во пресрет на локалните избори. Како што обелодени ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена, СДСМ ќе се обиде да ги добие овие исклучително важни избори со користење државни редурси и услуги од подземјето. Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.

Еден од нашите кандидати за градоначалници беше запрен на влез во Скопје. Во моментот кога одеше на оваа конференција му беа вперени пиштоли во глава од страна на припадниците на полициските единици, изјави вчера, пред почетокот на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, претседател на Изборниот штаб на најголемата опозициска партија.

Тој појасни дека бил извршен претрес пред присуство на голем број граѓани, но потоа тој бил пуштен.

На еден начин станува збор за една класичка полициска местенка. Истовремено, пристигнуваат информации од сите градови дека се блокираат автобуси за да пристигнат вечерва на конвенцијата. Тоа само го покажува вистинското лице на нашиот политички опонент, но и покрај тоа јас сум повеќе од сигурен дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор во периодот што следува и ќе знаат да направат разлика од она што ние го нудиме и нашиот опонент, рече Ристовски.

Се работи за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е соосптвеник на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и претседател на Регионалната стопанска комора – Кавадарци.

Додека Јанчев патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.

За да биде понижен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, настанот се одиграл пред многу народ, а во гужвата и самите полицајци и алфите коментирале дека чекале 3 часа да помине Митко Јачев, бидејќи имале наредба од партиските структури на полицијата да го спроведат вооружениот претрес.

Во текот на вчерашниот ден СДСМ на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани вечерва да допатуваат во Скопје. Во Прилеп и во повеќе други градови полицијата ги запирала автобусите полни со симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и ги праќала на технички преглед за да не пристигнат навреме на конвенцијата од опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top