Фактичката состојба на терен потврдува дека соработникот на Заев и вицепремиер во владата на СДСМ Кочо Анѓушев незаконски започнал со изградба на „мала хидроелектрична централа МХЕ Тополка“, што пак е потврда дека Владата спротивно на законот си договара бизниси по сопствен терк.
Одобрението за градење е издадено на 11.09.2017 година, а законот предвидува 15 дена рок за истото да стане правосилно. Ако работел по закон, Анѓушев требало да чека до 26.09.2017 за да почне со работа.

Кочо Анѓушев почнал да гради на терен пред одобрението да стане правосилно со што директно го крши законот. Фотографиите од терен говорат дека Анѓушев веќе на големо гради иако прависилност на одобрението нема. Тоа значи дека бил подготвен и дека одлуката за пренамена на земјиштето во негова корист веќе е одамна договорена.

Законот е јасен. Според член 65-а став 1, инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење. Користејќи ја високата функција во новата Влада, Анѓушев иако добро го знае законот, одлучил истиот да го заобиколи.
Откако незаконски го пренаменија земјоделското земјиште во градежно, исто така незаконски во експресен рок беше издадено одобрение за градење на Анѓушеви. Според најновите информации, ова го правеле незаконски затоа што и во иднина по овој случај имале план да го кршат законот.
Од ВМРО-ДПМНЕ денес велат дека Владата на СДС влегува од криминал во криминал со цел фирмите на Анѓушев да можат непречено да си ги тераат своите бизниси.
Со овој случај се докажува дека се е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа која ќе заработи милиони. Имено одобрението за градба издадено на 11-ти септември, станува правосилно на 26-ти септември, датум на кој може да почне изградбата, во спротивност со тоа фотографиите од терен кои ги видовме низ медиумите покажуваат дека фирмите на Анѓушев ја отпочнаа градбата уште на 20-ти септември. Иако медиумите и јавноста веќе алармираа за криминалот на Анѓушев толериран од страна на власта, ниту надлежниот инспекторат за градежништво, ниту надлежното јавно обвинителство не реагираат, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните органи да го истражат целиот случај и да утврдат одговорност, како за одговорното лице, така и за надлежните во институциите кои го дозволуваат ова безаконие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст











